Преговорите меѓу Челзи и Маунт за нов договор се прекинати

250

Преговорите меѓу Челзи и Мејсон Маунт за нов договор се прекинати. Веста ја објавија блиски извори до лондонскиот клуб.

Актуелниот договор на Маунт со лондонскиот клуб е до летото 2024 година, но фудбалерот ќе влезе во последната година од договорот од следната сезона, што секако ќе биде проблем за „сините“ да го задржат во тимот подолго време, а можат да го загубат и на слободен трансфер.

Според „Атлетик“,Челзи упатил неколку понуди до Маунт за нов договор, но сите биле одбиени. Во моментов преговорите се прекинати, а Челзи ќе се обиде да продолжи со разговори со фудбалерот и неговиот агент по завршувањето на сезоната.

Доколку не успее, тогаш управата ќе ја одобри продажбата на Мејсон за да не го загуби бесплатно во летото 2024 година.

ПретходноМане се врати на тренинг, ќе биде подготвен за реваншот со ПСЖ во ЛШ
СледноСрбинот Стевановиќ е ново засилување за Е. Пелистер