Последното видео со Атсу: Тој беше главниот во соблекувалната на Хатајспор на неколку часа пред трагедијата! (ВИДЕО)

1593

Ете, тоа е живот. Во еден момент си пресреќен, воодушевен, играш, пееш во соблекувалната поради твојот победнички гол, за да само по неколку часа загинеш во својот стан како последица на земјотрес.

Ете, тоа му се случи на Кристијан Атсу, фудбалерот на Хатајспор. Ова видео подолу е последното со него, се гледа како ја прославува победата и својот победнички гол со останатите соиграчи кои го скандираат неговото име. Да потсетиме дека тој беше стрелец на победнички гол против Касимпаша.

Откако заврши прославата во соблекувалната, играчот од Гана заминал кај некои пријатели на партија – покер до кај 03:30 часот кога се вратил дома. И во 04 часот се случи тој катастрофален земјотрес во кој Атсу по речиси 12 дена беше пронајден мртов под урнатините.

Што ти е живот…

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)
СледноЛарс Валтер: Зарем треба да се трошат зборови за квалитетот на Фуксе Берлин!?