Денеска и официјално беше објавена листата на номинирани спортисти за престижната награда во светот на спортот за 2022 година – Лауреус. Сензационално, на тој список го нема Новак Ѓоковиќ, но затоа тука се Лео Меси и Килијан Мбапе (фудбал), Арманд Дуплантис (атлетика), Макс Ферстапен (Ф1) Стеф Кари (кошарка) и Рафаел Надал (тенис).
Во категоријата на екипи и репрезентации номинарани се фудбалската селекција на Аргентина, Голден Стејт, Ред Бул, Реал Мадрид, женската фудбалска селекција на Англија и рагби селекцијата на Франција.
Има номинации и за уште неколку категории, но овие две се најважните.
👀 Take a look at the full list of Nominees for the Laureus World Sports Awards 2023.
🏆 Who should the Laureus World Sports Academy Members select as the final Award winners?#Laureus23 pic.twitter.com/lwWLD2evo8
— Laureus (@LaureusSport) February 20, 2023