Познато е кој ќе ја добие наградата „The Best“ на ФИФА!

233

Роберт Левандовски минатата година ја освои наградата „Најдобар“, Полјакот ќе му ја предаде на ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси во 2023 година.

Меси имаше многу успешна 2022 година бидејќи го освои Светското првенство со репрезентацијата на Аргентина, а помал успех имаше со тимот на ПСЖ. Според неофицијални информации, Меси ќе ја освои наградата The Best на ФИФА.

Пред точно десет дена, на 10 февруари, беа објавени номинациите а во игаа се Лео Меси, Карим Бензема и Килијан Мбапе. Официјалните резултати ќе бидат објавени следниот понеделник, на 27 февруари, за време на гала настан во Париз.

Овогодинешната награда на ФИФА за најдобар ги зема предвид достигнувањата на играчите од 8 август 2021 до 18 декември 2022 година – вклучувајќи го и Светското првенство.

Во гласањето учествуваа навивачите, а во предвид беа земени и гласовите на селекторите на репрезентациите, капитените, новинарите и стручњаците на ФИФА.

ПретходноПоранешен боксер живее со две жени, а сега има и љубовница!
СледноАмерикански водител удри жестоко по Јокиќ: Ако се уште мислите дека е најдобар…