Екс-селектор на Македонија на кормилото на Будуќност

1910

Црногорскиот шампион и финалист во АБА лигата, Будуќност го назначи Александар Џикиќ за нов тренер на екипата. Српскиот стратег и поранешен селектор на Македонија стави потпис на двегодишен договор.

Со тоа Џикиќ направи кам-бек во Будуќност која ја тренираше во сезоната 2017/18 и ја освои историската титула во АБА лигата, а со „сино-белите“ избори и пласман во Евролигата.

Тој доаѓа на местото на Дејан Милојевиќ кој замина во НБА лигата.

Џикиќ работеше и во Естудијантес, Партизан, Крка, Литвос Ритас, Олимпија и во сезоната 2014/15 беше селектор на Македонија.

ФОТО: kkbuducnost.me

ПретходноОфицијален крај на Тричковски со репрезентацијата!
Следно„Бомба“ од Турција: Фенербахче го „купува“ Вардар!?