Изгорениот болид на Грожан ќе биде изложен во музеј

369

Инцидентот на трката за Големата награда на Бахреин во 2020 година за момент го запре здивот кај навивачите, затоа што Роман Грожан излета со болидот и удри во заштитната ограда, по што избувна пожар. Францускиот возач успеа да избега од пожарот и ја преживеа несреќата. А три години подоцна неговиот болид ќе заврши во музеј во Мадрид.
Неговата последна забележана брзина пред ударот во заштитната ограда изнесувал 221 километар на час. Остатоците од шасијата кои при ударот се преполовиле се чувале во тајност три години и сега ќе бидат сместени во посебна просторија со наслов „преживување“ со досега необјавени снимки од несреќата.

ПретходноВернер откри зошто не успеал во Челзи
СледноФеран Торес: Паднав во дупка без дно, побарав помош од психолог