Дембеле во „аут“ за „Ел Класико“ пресметката во Купот на Шпанија

250

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле нема да има време да се опорави за натпреварот против Реал Мадрид, пренесува „Марка“. 25-годишниот напаѓач се повреди на натпреварот против Жирона на крајот на јануари.

Веќе е познато дека Французинот сигурно нема да може да учествува на полуфиналниот натпревар од Купот на Шпанија против Реал, кој ќе се одигра на 2 март во Мадрид.

Французинот се надева дека ќе се врати во игра пред натпреварот против Атлетик Билбао, закажан за 12 март.

ПретходноЛОИ Париз 2024: Распродадени билетите за мечување, брејкденс, скејтборд…
СледноЛШ: Реал од очај до блесок на „Енфилд“, Наполи ги отвори вратите на четвртфиналето (ВИДЕО)