ЛШ: Реал од очај до блесок на „Енфилд“, Наполи ги отвори вратите на четвртфиналето (ВИДЕО)

304

Реал (М) покажа зошто е европски шампион и од вратите на пеколот стигна до рајот за само 50 минути на гостувањето кај Ливерпул во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Домашните почнаа одлично и поведоа по само 4 минути со еден маестрален погодок на Дарвин Нуњез, а по една несфатлива грешка на голманот на Реал Куртоа, Салах во 14. минута веќе зголеми на 2:0.

Кога се чинеше дека работите одат како во најдобрите денови за момците на Клоп, Реал се врати моќно. Најпрво со еден прекрасен погодок во 21. минута Винисиус намали на 2:1, за во 36. минута Алисон да ја повтори грешката на неговиот колега од спротивната страна и да им подари гол на Винисиус и Реал за израмнување на 2:2.

Ливерпул падна во психолошка дупка од која не успеа да излезе ниту по паузата. Во 47. минута Милитао ги доведе гостите до предност од 3:2, по што следуваа два гола на Бензема во 55. и 67. минута за убедливи 5:2 за гостите.

Реал со оваа победа со две нозе зачекорува кон место меѓу осумте најдобри, а Ливерпул сериозно ќе почне да размислува за иднината на Јирген Клоп на кормилото на тимот.

Фудбалерите на Наполи уште по првите 90 минути од осминафиналето против Ајнтрахт цврсто чекорат кон четвртфиналната рунда. Со головите на Осимен и Ди Лоренцо, момците на Спалети триумфално се враќаат од Германија, победувајќи го со 2:0 Ајнтрахт во Франкфурт.


 

Победата на Наполи можеше да биде изразена и со повеќе голови разлика, но Кваратскелија промаши пенал во првиот дел, а на Осимен му беше поништен еден гол поради минимален офсајд. Нашиот Елмас влезе од клупата во 80. минута и заработи жолт картон.

ПретходноДембеле во „аут“ за „Ел Класико“ пресметката во Купот на Шпанија
СледноПСЖ има план за нов тренер: Стивен Џерард на местото на Галтие?