Пандев: Немам желба да бидам тренер, можеби спортски директор или менаџер

2013

Горан Пандев се збогува со македонската репрезентација, а се уште не е јасно дали ќе продолжи и на клупски план, со оглед на тоа дека договорот со Џенова му истекува. Одамна се шпекулира околу неговото комплетно пензионирање од фудбалот, но се уште Пандев се нема откажано од клупски план. По пристигнувањето во Скопје, македонскиот капитен откри дека во иднина нема намера да биде тренер.

Не знам, немам договор. Сега сакам малку да се одморам, па потоа ќе размислувам како понатаму. За моите идни планови немам некоја желба да бидам тренер, ќе видиме, можеби некој спортски директор или да почнам да работам со моите менаџери во Италија“, изјави Пандев.

ПретходноЗаврши ерата на Мрме, почнува онаа на Милевски….
СледноОфицијален крај на Тричковски со репрезентацијата!