Неверојатен дебакл доживеа Ливерпул против Реал Мадрид (5:2) откако поведе со 2:0 на „Енфилд“ во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, а на Јирген Клоп не му беше лесно.
„Им подаривме пет гола, за секој можевме подобро да реагираме. Важно е да се извлечат позитивни работи, а тоа беше првото полувреме, и покрај двата примени гола. Требаше да се браниме подобро во тие ситуации. Имавме добар разговор на полувремето, но потоа го примивме третиот гол, кој беше страшен и ја промени играта. Доминираа, ни недостасуваше среќа по трет пат да ја пронајдеме мрежата. Во второто полувреме се беше како што сакаше Реал, а тој секогаш те казнува, никогаш не простува“, изјави Германецот по катастрофата.
Тој потенцира дека овој резултати не треба да се одрази на останатиот дел од сезоната.
„Јасно ми е зошто луѓето мислат дека ова е голем удар, но ова е само резултат, пораз и можеме да научиме од него. Не смееме да дозволиме ова да влијае на остатокот од сезоната. Реал е еден од најдобрите тимови во светот и не мораме така да ги браниме сите ривали. Фала му на Господ што не играме со нив секоја недела, бидејќи е многу тешко да се браниме“, заврши Јирген Клоп.