Македонската кошаркарска репрезентација е на победа до пласман во квалификациите за место на Европското првенство 2025 година. Во последните два меча од претквалификации нашите кошаркари треба да оставарат еден триумф. Првата шанса ќе ја имаат на гости кај Словачка, меч кој се игра утре.
Еден од поискусните во нашите редови, Стојан Ѓуроски верува дека оваа мисија ќе заврши успешно.
„Можеме да ја исполниме мисијата. Ако не верував во тоа, немаше да бидам тука. Знаеме дека Словаците играат доста добро дома, сега се засилени со нивниот најдобар кошаркар, кој направи разлика на последните два натпревари на кои настапи.
Си ја знаеме нашата игра, со мали промени во тактиката во нашата игра, мислам дека ќе славиме уште во Словачка, за првото место, кое нè води во следните квалификации. Атмосферата е одлична, на секој следен натпревар одиме максимално, па што биде – нека биде“, изјави Ѓуроски.