Атланта Хокс го отпуштија тренерот Нејт Мекмилан, засега неговото место ќе му припадне на Џо Пранди.
Мекмилан беше главен тренер на Хокс од 1 март 2021 година и го предводеше тимот до финалето на плејофот на Источната конференција таа сезона.
Минатата сезона, по скор од 43-39 во лигашкиот дел од сезоната, Атланта во плеј-офот влезе само преку „плеј-ин“, за во првото коло да биде елиминирана од Мајами Хит, а во тековната сезона со скор од 29-30, тимот е на осмата позиција на Истокот.
Еден од главните кандидати за нов тренер е поранешниот предводник на Јута, Квин Снајдер, но се споменуваат и Чарлс Ли од Милвоки Бакс и Кени Аткинсон од Голден Стејт Вориорс.