Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, призна дека тимот направил премногу грешки во одбраната, што е неприфатливо да се прават против сериозен противник како Реал Мадрид па како резултат на тоа, „Редси“ загубија со 2:5 на „Енфилд“ и нивната задача за реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ изгледа невозможна кога е во прашање следната фаза од Лигата на Шампионите.
„Задачата што ни претстои за три недели во Мадрид е речиси невозможна. Сепак, кога ќе дојде моментот, ќе се концентрираме и ќе дадеме се од себе за да го претставиме клубот на најдобар можен начин. Многу сме разочарани. Тоа е се што можам да кажам. Поразот никогаш не е добар, а уште полошо е да го изгубиме начинот на кој го загубивме, не оставајќи никакви шанси за враќање. Ова е суровата реалност. Ние треба да се справиме со ова како тим. Ова не е најдобрата наша сезона, но единствениот начин да излеземе е да се држиме заедно. Тоа е пораката – рече Ван Дајк па додаде.
„Игравме против Реал Мадрид, кој е освојувач на Лигата на шампионите. Тим кој има квалитетни играчи на секој дел од теренот. Можат да ја казнат секоја грешка и тоа го направија, особено во второто полувреме. Јасно е дека направивме грешки кои не треба да ги правиме. Но, тоа се случува во фудбалот. Ние не сме роботи. Понекогаш се случуваат грешки. За жал, токму тоа беше случај вечерва. Сè што можеме да направиме е да научиме од нив и да се фокусираме на следниот натпревар за да се погрижиме тоа да не се повтори. Не смееме да паничиме“, рече холанѓанецот.