Вечерва од 21 часот закажани се двете последни средби од првите мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Во Милано на “Џузепе Меаца“, домашниот Интер ќе го дочека Порто, додека во Лајпциг, составот на Ред Бул Лајпциг ќе ги одмери силите против Манчестер Сити.
Во таборот на италијанскиот гигант не кријат дека посакуваат пласман во следната фаза, најмалку во 1/4 финалето. Тимот на Симоне Инзаги има квалитет да ја мине пречката која се вика Порто, но треба да се знае дека реваншот се игра на „Драгао“, а таму се е можно.
На вториот меч во Лајпциг, “граѓаните“ ја бранат честа на Премиерлигата. Имено сите клубови од најсилната лига во светот во оваа фаза се поразени на првите мечеви. Тотенхем од Милан, Челзи од Дортмунд и вчера Ливерпул од Реал Мадри.
Јасно е дека Сити во во овој двомеч влегува со предност, но сепак треба да се знае дека Германците имаат тим за изненадување, посебно на првиот меч вечерва.