Ако Италија го освои пехарот, секој фудбалер ќе земе по 250 илјади евра!

274

Фудбалската федерација на Италија, ги објави сумите кои ќе ги одреди како премија доколку фудбалерите го освојат Европското првенство.

Имено, доколку Италијанците дојдат до големиот пехар, играчите ќе добијат 6,5 милиони евра, или секој фудбалер ќе биде „побогат“ за 250 илјади евра.

Самото финале ќе им донесе по 200 илјади евра за секого, а полуфинале 150 илјади.

Италија досега заработи 16 милиони евра од УЕФА гледајќи ги сите бонуси. Ако ја минат Австрија во 1/8 финале, ќе заработат дополнителни 3 милиони евра.

 

ПретходноЛандрис Хортон продолжи со ТФТ
СледноВатфорд се засили со Емануел Денис