Тренерот на Нант: Јувентус е под притисок, ако изгубат од нас ќе му се смеат

140

Јувентус и Нант одиграа 1:1 на првиот меч во Торино во 1/16 финалето на Лига Европа. „Старата дама“ беше подобра меѓутоа не успеа да го совлада францускиот тим, па се ќе се решава утре на реваншот во Франција.

За престојниот меч зборуваше тренерот на Нант, Антоан Комбуаре.

Утре е голем меч, не за нас, туку за Јувентус. Затоа што ако изгубат ќе изгледаат смешно, а ние ќе го продолжиме нашиот пат понатаму па потоа не чека борба за опстанок во Лига 1 и четвртфинале од Купот против Ленс. Се уште имаме 20% да продолжиме во осминафиналето на ЛЕ, ќе дадеме се од себе да го победиме големиот ривал. Јувентус е фаворит, го имаат тренерот Масимилијано Алегри кој, според мене, е еден од најдобрите на светот и знае што треба да направи на вакви одлучувачки натпревари. А за нас, ако фудбалерите успеат да направат подвиг утре ќе станат легенди на клубот“, изјави Комбуаре на прес-конференцијата.

Јувентус за дуелот со Нант ќе нема да сметаат на четворица фудбалери: Пол Погба, Арек Милик, Фабио Мирети и  Федерико Киеза. Во Франција отпатува и младиот играч за врска Енцо Баренчеа.

 

 

ПретходноДодека Реал го “масакрираше“ Ливерпул: Тен Хаг и Фергусон вечераа заедно! (ФОТО)
СледноАлиоски може и ќе остане во Турција, друг клуб од Истанбул го сака во своите редови