Кил му се одмазди на Целје за поразот на стартот на сезоната и тоа со камата, пред домашните навивачи го совлада со 39-27. Бундес-лигашот воедно го урна сонот на ракометарите на Целје за пласманот во нокаут фазата.
Таму ќе го гледаме Алборг, кој дојде до важна победа против Елверум славеше со 31-24. Феликс Клар со шест гола го предводеше домашниот тим, на другата страна Бломгрен имаше исто број на погодоци.
Во истата група Б, Барселона продолжи да гази, овој пат дојде до убедлива победа против Пик Сегед од 35-25. За каталонскиот гигант ова беше 12 триумф оваа сезона, додека на другата страна унгарскиот првак го запиша осмиот пораз.
Домаќинот мечот го реши во првото полувреме во кое имаше двоцифрена предност од десет гола (20-10). По одморот победата не беше ставена под знак прашалник во ниту еден момент, најголемата позтива беше 13 гола. Мем, Фабрегас и Јанц со по пет погодоци беа први стрелци кај победникот, Роста имаше пет гола.
👉The assist from Dika Mem + goal by Ludovic Fabregas = 💥👏#ehfcl @FCBHandbol pic.twitter.com/VDOQU3SFdn
— EHF Champions League (@ehfcl) February 22, 2023
Барселона е прва со 25 бода, Кјиелце е на второто место пред Нант со меч помалку, Кил е на четвртото место, Алборг е петти, додека Пик Сегед е шести. Последните две места кои не водат во нокаут фазата им припаѓаат на Целје и Елверум.
Во групата А, ППД Загреб пред своите навивачи беше совладан од Магдебург со 25-31. Со оваа победа гостите го потврдија местото во следната рунда, ја запишаа осмата победа, на другата страна за ППД Загреб ова беше осми пораз.
Кај Смитс со девет гола од десет обиди беше прв стрелец кај Магдебург, кај домаќинот Чупиќ имаше шест погодоци.