Владимир Бродзијански и дефинитивно е првиот адут на Словачка во обидите да стигнат до победа во дуелот со нашиот национален тим закажан за денеска (од 18 часот) во спортската сала во Левице.
Високото крило, поради повреда, не настапи на дуелот во Скопје, кој го решивме во наша корист со резултат (79:75). Но сега е дел од тимот на Словачка, и од таа примина, новиот-стар играч на Хувентуд очекува поинаков меч од оној одигран летоска во СРЦ „Кале“.
„Дефинитивно сега ќе биде поинаков натпревар. Не знаеме со каков тим ќе дојдат. Ќе ни недостасува Марио (Ихринг). Ние на секој натпревар одиме со интенција да го добиеме. Ќе се обидеме да ја прикажеме нашата најдобра игра“.
Признава дека недостатокот на плејмејкер како Ихринг е сериозен хендикеп за селекцијата на Словачка.
„Марио и дефинитивно се разбира многу добро со другите момци во тимот. Доста години сме заедно во националниот тим. Се познаваме доста долго време. Уште од оние млади денови. Тоа е јасно, голема загуба за нас. Имавме добра соработка, но другите играчи ќе треба да се потрудат да го заменат. Овде ги имаме најдобрите, па ќе видиме. Секогаш е многу покомплицирано кога имаш кратко време за подготовки пред себе. Но ние треба да го репризираме сигналот кој го имаме. Да се подготвиме најдобро што можеме за секој противник, индивидуално, да притиснеме, и да одиграме најдобро што можеме“, смета крилниот центар.