Напаѓачот на Рома Пауло Дибала може да се најде во проблеми, поточно да биде суспендиран три месеци, пишува „Република“. Според изданието причината е финансиска измама, односно Аргентинецот примил исплати на „црно“ додека бил член на Јувентус и не го пријавил тоа. Дибала бил повикан да одговори на прашањата на обвинителите.
За време на корона рестрикциите и паузата во Серија А, Дибала не се согласил на намалување на платата меѓутоа се согласил да му бидат исплатени парите „под маса“. Па така два пати добил по 1,9 милиони евра, а во Италија е недозволиво вакво исплаќање.
Одделно, истражителите се сомневаат дека напаѓачот добил 3 милиони евра како компензација за Јувентус кој одлучил да не го продолжи договорот што му истекувал, што исто така се смета за сомнителна зделка.