Борусија Дортмунд комплетираше уште едно засилување. По вчерашната вест дека Бенсебаини од Борусија (М) ја заврши работата околу потпишувањето на договорот со „милионерите“, денеска нова информација се однесува на играчот на Ајнтрахт, Даичи Камада.
Камада е еден од најдобрите јапонски фудбалери и настапува за Ајнтрахт каде се стекна со статус на незаменлив играч, оправдано има огромен интерес за неговите услуги, а по истекот на договорот во јуни ќе потпише за Борусија.
Без обештетување Дортмунд носи уште еден одличен играч од Бундеслигата, кој подоцна има потенцијал за милионски трансфер.