Како што и беше најавено од страна на Е. Пелистер, од денеска и официјално битолскиот клуб и официјално има ново име во своите редови. Тоа е српскиот ракометар Дарко Стевановиќ кој при промоцијата изјави:
„Сакам да се заблагодарам на убавото гостопримство. Мило ми е што дојдов во овој клуб. Гледам дека амбициите се големи и задоволен сум по изработените неколку тренинзи со екипата. Едвај чекам на првата средба, да се претставам пред домашната публика. Се надевам дека ќе го покажам она што клубот го очекува од мене и да му помогнам на екипата да ја оствари најважната цел оваа сезона – шампионската титула.
Е.Пелистер е квалитетна екипа и уште во летото кога играв тука како противник испратив пофални зборови за екипата, тренерот и секако за навивачите“