Србија не ја искористи првата шанса за да завери пласман на Светското првенство, откако беше совладана од Грција во Атина по продолженија со 92-97. Овој пораз боли особено ако се земе во предвид дека кошаркарите на нашиот северен сосед имаа предност од 13 поени, која ја прокоцка поради лошата последна четвртина.
Втората и последна шанса за заверка на Мундијалот е Велика Британија. Но, пред оваа средба Белгија може да им заврши работа доколку вечерва биде поразена токму против В.Британија.
Рогкавалопулос со 26 поени беше лидер кај Грција, постигна три тројки постигна во продолжението. Никола Милутинов даде 24 поени во редовите на Србија.
Во групата И, лидер е Летонија која ја совлада Турција со 74-83, додека Грција е втора, Србија остана на третото место кое води на СП 2023.