Белгија не дозволи чудо, Србија и натаму без виза за СП!

146

Србија не ја искористи првата шанса за пласман на Светското првенство 2023 година. Но, само неколку часа подоцна после поразот од Грција, пропадна уште една шанса. Чудото не се случи, Белгија ја оправда фаворитската улога против Велика Британија славеше со 59-88 и сега се доближи на еден бод зад Србија.

Ова значи дека нашиот северен сосед на последната средба против Велика Британија ќе мора да дојде до победа или пак доколку биде поразен ќе се моли Турција да ја победи Белгија во последното коло од овие квалификации за Мундијалот.

Претходно во групата Ј, Германија ја совлада Шведска со 73-66 и остана на лидерското место. Тука за пласман на СП веќе нема дилеми, покрај Германија место обезбедија Словенија и Финска.

ПретходноМајнц со четворка го “поздрави“ Менхенгладбах! (ВИДЕО)
СледноФулам губеше, но сепак дојде до бод против “волците“! (ВИДЕО)