Во ретко видена серија на поени за која беше потребно и продолжение, екипите на Лос Анџелес Клиперс и Сакраменто на својот меѓусебен дуел постигнаа вкупно 351 кош, а Кингси завршија како победници со конечни 175:176.
Во неверојатната завршница на овој меч, дури тројца играчи имаа над четириесет постигнати поени. Монк со 45 односно Фокс со 42 кај Сакраменто, додека Кавај Ленард со 44 кај Клиперси. Следуваа Пол Џорџ со 34, Пауел со 24, Сабонис со 20. Дури четиринаесет играчи на овој меч имаат двоцифрен број на поени, а дури деветнаесет се запишаа во листата на стрелците.
Од друга страна пак, тимот на Милвоки кој е еден од вдечките на Истокот немаше поголеми проблеми да се справи со тимот на Мајами на домашен терен. Конечни 128:99 во кој најјефикасен кај победничкиот тим Холидеј со 24 поени, додека Батлер и Адебајо кај Мајами стигнаа до 23 односно 18.
Резултати:
Милвоки – Мајами 128:99
Чикаго – Бруклин 131:87
Минесота – Шарлот 113:121
Голден Стејт – Хјустон 116:101
Феникс – Оклахома 124:115
Л.А.Клиперс – Сакраменто 175:176 (продолжение)