Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, ги означи сите натпревари на тимот во Премиер лигата до крајот на сезоната како „ квалификации за Лигата на Шампионите “. Во моментов Редси заостануваат седум бода зад четвртопласираниот Тотенхем , но со два одиграни натпревари помалку. Ливерпул денес патува кај Кристал Палас во многу важен натпревар за нив, особено по тешкиот пораз од Реал Мадрид изминатава недела.
„Повторно го гледав натпреварот со Реал, иако немавме време да го гледаме со играчите. Немам читано многу по натпреварот, но кога ќе изгубите така, нема смисла. Знам дека да примиш пет гола на домашен терен во Лигата на шампионите неприфатливо. Првото полувреме сепак беше добро за нас. Многу нешта се случија, но не бевме како што треба и затоа ги примивме головите. Второто полувреме започна на најлош можен начин. Се надевам дека ќе ги научиме вистинските работи од овој меч“ – рече Клоп па додаде.
„Кристал Палас е многу талентиран тим со многу техника и брзина. Сите натпревари од сега се од квалификациите за Лигата на шампионите. Исклучително е важно да се квалификувате. За да го направите ова, ни требаат бодови. Мора да најдеме доследност. Не можеме да зависиме од емоциите. Треба само да почнеме повторно да веруваме во себе и да ги покажеме нашите квалитети на теренот. Мора да го направиме тоа денес против непријатен противник“, изјави Клоп на својата вчерашна прес-конференција.