Бурен тајм-аут во Евролига меѓу Обрадовиќ и првата ѕвезда на Монако (ВИДЕО)

369

Тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ и неговиот кошаркар Мајк Џејмс влегоа во кавга за време на мечот против Барселона. Се почна за време еден тајм-аут кога Обрадовиќ му соопшти на Американецот да остане на клупа, кој пак бурно реагираше, не му се допадна како неговиот тренер го води мечот.

Она што можеше да се слушне е дека тренерот на Монако потенцираше дека такви работи не се зборуваат за време на еден натпревар, но Американецот продолжи.

По мечот Обрадовиќ имаше краток коментар за оваа ситуација.

„Тоа што се случи со Џејмс на крајот на мечот е интерна работа“.  Инаку Џејмс беше најефикасниот кошаркар, постигна 14 поени, три скока и исто толку асистенции. 


Монако беше совладан од Барселона со 80-70.

ПретходноДали Агуеро го откри новиот тим на Меси?
СледноПолувреме во Струга: Без голови покрај езерото, Стевковски му одбрани пенал на Ибраими!