Италија откри дел од тајната на успехот: Слушаме наполитанска музика!

280

Италија е еден од главните фаворити на ова Еуро 2020, а со настапите во групната фаза покажа дека има хомогена генерација која предизвикува страв кај секој следен противник. Лидерот во групата „А“ сега ја чека Австрија на „Вембли“ на 26 јуни во меч од осминафиналето.

За ваквата сплотеност во тимот и неверојатните резултати (30 меча без пораз и 11 натпревари без примен гол) голем дел од заслугите им припаѓаат на двајца фудбалери – Лоренцо Инсиње иАлесандро Флоренци.

Како што откриваат италијанските медиуми, овие двајца се главните ди-џеи во редовите на „аѕурите“.

„За време на патувањата многу се забавуваме слушајќи музика. Инсиње и Флоренци се наши ди-џеи. Нивната плејлистата е полна со наполитански песни. Дури и јас морав да го научам рефренот на некои од нив, за да можам да учествувам активно“, низ смеа коментира искусниот Џорџо Киелини.

„Музиката ни помага да се опуштиме и да се забавуваме. Се исплати. Така сите некако стануваме поблиски. Ди-џејот е пред сè, Инсиње. Слушаме многу наполитански песни и морам да кажам дека се многу убави“, призна и голгетерот на Сасуоло, Берарди.

ПретходноФранцуски новинар тврди: Мбапе не сака да остане во ПСЖ и тоа не го крие!
СледноЕуро 2020: Хрватска со „британска виза“ во осминафинале (ВИДЕО)