Македонската кошаркарска репрезентација го одработи првиот тренинг во „Нордстранд“ Арена каде утре ќе ги одмери силите со Норвешка во последниот претквалификациски меч за ЕП 2025 година.
По поразот од Словачка на гости нашите момци веќе немаат право на поправен, мора да го добијат овој дуел за да заверат место во квалификациите за континенталното натпреварување.
Мечот со Норвешка се игра утре со почеток во 18 часот.