Столе и Рајо загубија на гостувањето кај Кадиз (видео)

82

Екипата на Рајо Ваљекано забави во трката по местото во Европа, а денешниот пораз на гостувањето кај Кадиз може скапо да ги чини на крајот на сезоната на Ла Лига.

Македонскиот голман Столе Димитриевски беше во првиот тим на Рајо, а голот за победа на Кадиз го постигна Сержо Гвардиола во 74.минута. Во финишот Рајо остана со играч помалку и не можеше да се врати.

Претходно Еспањол ја совлада Мајорка со 2:1.

Рајо е на шестото место со 34 бода, два повеќе од Атлетик Билбао кој има меч помалку. Кадиз е на 14. место.

ПретходноРоналдо пак даде четири гола, но едниот му го поништија (видео)
СледноПелистер го доби братското битолско дерби!