Тренерот на Миовски се пошегува: На Бојан секогаш му велам трчај и давај голови!

445

Бојан Миовски продолжи да ги полни мрежите во Шкотска. Македонскиот репрезентативец го постигна 15. гол во овој шампионат, откако со својот погодок донесе водство против Ливингстон на домашен терен од 1-0, на крајот истиот беше победнички за Абердин.

По завршување на мечот тренерот Бери Робсон коментираше за играта на Миовски.

„Секој ден кога ќе го видам Бојан прво го прашувам како е, а потоа му велам трчај брзо и постигнувај голови“, се пошегува на прес-конференцијата тренерот на Абердин, а потоа продолжи:

„Никогаш не е лесно да играш против Ливингстон, се обидува да го успори темпото и да се исфрлат од ритам. Знаевме дека ќе треба да се бориме – не е важно колку си добар како фудбалер, прво треба да се бориш, а потоа талентот и фудбалот“. 

ПретходноМаксимов: Шкендија против Победа ќе оди по трите бода!
СледноПМФЛ: Дербито е во Кратово, Силекс ја сопира победничката серија на Шкупи…интересно ќе биде на Маџари и Автокоманда