Борец приреди изненадување победувајќи ја Шкендија во Тетово

125

Одбојкарите на Борец направија изненадување во дербито на 4. коло од Втората фаза на домашното првенство, откако синоќа успеаја во пет сета и по голема борба да го совладаат тимот на Шкендија со 3:2. Велешани дојдоа до победа на гостински терен по извонредниот старт на дуелот со освоени два стартни сета.

Тетовци успеаја да се консолидираат и во третиот и четвртиот сет да дојдат до 2:2, за одлучувачкиот петти сет да донесе вистинска драма која заврши на продолженија во полза на гостите. Со оваа победа Борец сериозно се приближува кон водечката двојка на табелата, а Струмица благодарнеие на максималната победа над Лирија и натаму останува лидер на табелата.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (4.коло)

Струмица Никоб – Лирија   (3:0 (25:17, 25:16, 25:18)

Шкендија – ГОК Борец   2:3 (23:25, 19:25, 25:19, 25:23, 14:16)

Работнички 47&22 – Весна Пробиштип  3:0 (25:17, 25:19, 25:16)

Табела: Струмица Никоб 13-1, Шкендија 12-2, ГОК Борец 11-3, Лирија 7-7,  Работнички 8-6, Весна Пробиштип 6-8.

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (4.коло)

Штип УГД – Сушево 1978  3:0 (25:14, 25:13, 25:20)

Универзитет во Тетово – Петровец 3:0 (25:14, 25:21, 26:24)

***Слободна е екипата на Македонија Џио

Табела: Штип УГД 6-7, Универзитет во Тетово 6-7, Сушево 3-10, Петровец 2-12, Македонија Џио 1-12.

ПретходноДуплантис по шестипат го урна светскиот рекорд во скок со стап! (ВИДЕО)
СледноВеќе е познато: Меси ќе ја добие наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот!