Можеби зввучи чудно, но сепак така е. Имено има најави дека во текот на следната сезона по една или све слаломски трки за СК во алпско скијање, ќе се одржат, замислете, во С. Арабија и ОАЕ. Барем такви се најавите.
За ова свој коментар имаше Даниел Јуле, еден од најдобрите швајцарски скијачи.
“Јас не знам како може да му паднат на памет така глупи идеи на еден паметен човек како што е Јохан Елиаш (претседателот на ФИС). Ако навистина се одлучи да има трки во С. Арабија и во Дубаи јас си одам во пензија, нема намера повеќе да скијам и да се натпреварувам во СК“ истакна Јуле.