Кошаркарите не и простија на Норвешка, заверија место во квалификациите за ЕП 2025 (ФОТ0)

683

Македонската кошаркарска репрезентација го потврди лидерското место во групата Д и се пласираше во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година. Избраниците на Александар Јончевски во последното претквалификациско коло славеа кај Норвешка со 41-79.

Шортс со 22 поени, 6 скока и 6 асистенции беше прв стрелец, зад него беше Војдан Стојановски со 16 поени и пет скока.

По само четири и пол минути игра, Македонија поведе со 6-16, девет поени беа на Шортс, а потоа разликата порасна и на 8-20 по тројката на Ѓуроски. Првата четвртина заврши со резултат 12-24 , 12 поени беа дело на нашиот Американец.

Норвешка во втората четвртина неколку пати успеа да симне под двоцифрена негатива, но тоа пак беше далеку од сериозна закана. Јончевски во игра ги врати Војдан и Шортс, а со тоа и стабилноста. Мекиќ со тројка зголеми на 18-32 во 16 минута. Најголемата предност беше токму на одморот (26-45).

Сликата остана иста и во следните 20. минути. Норвешка немаше сили за сензација, а Македонија го имаше мечот во раце, искусно го диктираше темпото. Во последната четвртина нашите кошаркари влегоа со резултат 36-60, кој не беше тешко да се сочува до самиот крај.

Овие претквалификации, Македонија ги завршува со пет победи и еден пораз.

ПретходноМанчестер Јунајтед го освои Лига купот (ВИДЕО)
СледноКуманово фати залет, преку Голден Арт до „три од три“