Прва плеј-оф победа за Алкалоид, моќно издание на Тиквеш против Охрид!

290

Алкалоид ја запиша првата победа во плеј-офот, откако на домашен терен ја оправда фаворитската улога против Пролет, го совлада со 27-21 и се искачи во горниот дел од табелата, поточно влезе во трката за третото место на табелата.

Младеновиќ и Серафимов постигнаа по пет гола кај домаќинот, додека кај Пролет Димковски и Анодновски имаа по четири погодоци.

Избраниците на Кирил Лазаров отворија со 4-1, противникот израмни на 4-4, а потоа Алкалоид со серија од 3-0 зголеми на три гола позитива 7-4. Најголемото водство изнесуваше четити гола, на одморот беше 14-11.

Пролет не успеа во второто полувреме да стори нешто повеќе, влезе во ритамот на Алкалоид и на крајот мораше да се помири со нов пораз.

Тиквеш пред своите фанови едноставно го совлада Охрид со 28-24 за втор триумф во плеј-офот. Иако оваа средба беше дерби на колото, сепак такво нешто не се случи, домаќинот не му даде шанса да помисли на победа.

По 3-4, со серија од 5-0, избраниците на Данило Брестовац дојде на плус четири 8-4, а потоа и поведоа со 13-8, позитива со која заминаа на одморот (14-9).

Не застанаа кавадарчани, набрзина со серија од 6-1 дојдоа на високи плус девет (20-11), разлика која беше доволна за втора победа во плеј-офот. Домаќинот застана на момент, на другата страна охриѓани со серија од 6-0 намалија на 24-21, но немаше драма. Тиквеш знаеше како да го приведе мечот.

Симиќ со седум гола беше лидер кај победникот, на другата страна ист број на погодоци имаше Бојаниќ.

ПретходноИсториски кошаркарски срам за Хрватска
СледноЈончевски: Честитки до сите играчи, кои дојдоа и го дадоа својот максимум!