Гоџа четврти пат победи во спустот во Крањ-Монтана

123

Италијанската скијачка Софија Гоџа е победник во спустот во швајцарскиот Крањ-Монтана. Вчерашните трки беа одложени поради магла, а денеска условите беа поволни па трките се одржаа и Италијанката победи со време од 1:26.81.

Гоџа четврти пат во кариерата победува во спустот во Крањ-Монтана.

Втора заврши уште една Италијанка, тоа е Федерика Брињоне која имаше 15 стотинки послабо време од Гоџа.

Трета заврши француската скијачка Лора Гоше.

Во генералниот пласман води Микаела Шифрин со 1697 поени, пред Петра Влхова. Во спустот прва е Софија Гоџа со 580 поени преку Илика Штухец која има 401.

Следните натпревари се во норвешки Квитфјел од 3 март па до 5 март и тоа во две трки во Супер-Џи и една во спуст.

 

ПретходноЧави лут по поразот од Алмерија: Не покажавме ни желба, ни интензитет, ни страст
СледноХуркач триумфално во Марсеј за шестиот трофеј во кариерата