Работнички остана без Форте, договори екс-играч на Гостивар!

241

Работнички направи принудни промени во составот пред продолжение на сезоната. До крајот на истата Димитар Мираковски нема да смета на услугите на Камерон Форте. Крилниот центар се здобил со повреда на менискусот поради која ќе мора да биде надвор од терените.

Раководството на најтрофејниот кошаркарски колектив веднаш најде замена. Станува збор за Ѓорѓе Џелетовиќ, поранешен кошаркар на Гостивар. Во овој тим дојде во септември 2019 година. Доаѓа од тимот на Војводина.

По елиминацијата во осминафиналето во Купот на Македонија, Мираковски беше крајно разочаран од прикажаното, најави промени, но Форте не е една од планираните. Работнички пред стартот на 16. коло се наоѓа на седмото место на табелата со скор од осум победи и седум порази.

ПретходноКошаркарите во август ќе играат претолимписки квалификации, во ноември стартува битката за ЕП!
СледноШкупи – Академија Пандев го отвораат 21. коло во ПМФЛ