Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 имиња за двомечот со Португалија за пласман на Европското првенство 2024 година. На истиот ги нема Дејан Мансков и Гоце Георгиевски, еден од најискусните играчи во нашиот национален тим.
Со оглед на тоа дека и двајцата играа во минатото коло во дресот на Вардар, најверојатно не станува збор за повреда. Ќе видиме дали Манасков и Георгиевски ќе бидат во составот на Вардар за утрешниот меч со Партизан.
Македонија на 9. март ја пречекува Португалија, три дена подоцна е гостин во Порто.