Хакими под истрага за силување

158

Крилниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими е под истрага за силување, открива „Ле Паризиен“. Млада девојка била повикана во полиција да даде изјава, и покрај тоа што не сакала да поднесе пријава против фудбалеро, сепак, полицијата отвори случај и истражителите работат на случајот.

24-годишната девојка изјавила дека била силувана од Хакими, но не сакала да поднесе пријава против играчот на ПСЖ.

Според изданието, Хакими и девојката се запознале на Инстаграм. На 25 февруари договориле средба во домот на играчот во Булоњ. Во еден момент фудбалерот почнал да ја бакнува девојката која се противела, а според најзините зборови насилно и ја искинал облеката и потоа ја силувал.

Таа успела да го оттргне напаѓачот од себе удирајќи го со ногата и избегала од неговиот дом.

Полицијата отвори случај, па мароканскиот фудбалер ќе биде повикан на разговор за случајот.

ПретходноКлинсман повторно селектор – сега на Јужна Кореја!
СледноРешат Рамадани пред трансфер во Динамо Киев?