Фиорентина стигна до победа во 24.коло на Серија А, а славеше на гостувањето кај Верона со 3:0. Барак го отвори резултатот во 12.минута, зголеми Кабрал во 38 минута, а во 89 минута се беше решено со интересен погодок на Кристијано Бираги.
Судијата свирна фаул поради прекршок врз Мондрагора кој се жалеше на болки во грбот. Домашните играчи чекаа медицински тим да влезе да му укаже помош, но Бираги реши да го изведе слободниот удар од половина терен и го совлада голманот на Верона.
Фиорентина ја забележа седмата победа, а Верона е на 18. Позиција со 15 порази и 17 бода, три помалку од сигурната зона.
ГОЛОТ НА БИРАГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ