Њујорк го победи Бостон и го симна од првото место (ВИДЕО)

88

Кошаркарите на Њујорк успеаја да најдат формула за да го запрат најуспешниот тим во НБА лигата досега, Бостон победувајќи го со 109:94 со што ја постигнаа шестата последователна победа во НБА лигата.

Никси беа предводени од Џулиус Рендл кој средбата ја заврши со 23 поени, седум скока и четири асистенции, а одлична партија имаа и Имануел Квикли со 23 поени и Џејлен Брансон со 17 поени.

Во тимот од Бостон најефикасен беше Малколм Брогдон со 22 поени, а Маркус Смарт постигна 19, додека Џејсон Тејтум застана на 14 поени, девет асистенции и седум скока.

Селтикси со овој пораз првото место му го препуштија на Милвоки.

Мајами ја победи Филаделфија со 101:99 и ја прекинаа серијата од четири порази. Џими Батлер беше најдобар во победничкиот тим со 23 поени и 11 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Детроит 117-106

Филаделфија – Мајами 99-101

Њујорк – Бостон 109-94

Њу Орлеанс – Орландо 93-101

ПретходноИсториски чекор на одбојкарскиот шампион: Струмица Никоб потпиша договор за соработка со полски гигант
СледноТрагедија: 23-годишен фудбалер почина на натпревар во Англија