У-21 на Македонија на турнир во Анталија, противници се Летонија, Словачка и Финска

477

Во март нашата млада репрезентација до 21 година ќе учествува на силен меѓународен турнир кој ќе се одржи во Анталија (Турција). Покрај Македонија, на турнирот ќе учествуваат и селекциите до 21.година на Летонија, Словачка и Финска.

Секако дека ова ќе биде уште една одлична подготовка за тоа што ги чека избраниците на селекторот Драган Канатларовски, а тоа се квалификациите за ЕП 2025 година. Познато е дека квалификациите стартуваат во септември оваа година, а Македонија во групата со репрезентациите на Шведска, Холандија, Грузија, Молдавија и Гибралтар ќе се обиде да оствари што подобар резултат.

ПретходноТренерот на Аталанта имал инцидент со фанови на Милан, фрлал со сендвичи по нив! (ВИДЕО)
СледноМечот Работнички – Скопје ќе се игра во Велес!