Валтер: Тажен сум и разочаран!

399

Ларс Волтер како предводник на Пелистер засега не успеа да ги донесе оние поубави денови во ракометна Битола. Оваа сезона гордоста на овој град и актуелен македонски вицепрвак нема да игра во нокаут фазата, дозволи на домашен терен да биде совладан од Мотор во клучниот меч.

Ларс Валтер не го криеше своето разочарување по поразот.

„Сакам да му честитам на Мотор за победата. Благодарност до публиката за одличната атмосфера. Тажен сум и разочаран од резултатот. Имавме многу шанси да се вратиме, промашивме во клучните моменти. Мотор беше смирен, а ова беше таков натпревар во кој тоа беше клучно за победата. Не ја искористивме шансата, навистина сум тажен“, рече Валтер. 

Останува Пелистер да се сврти кон домашниот шампионат и СЕХА-лигата.

ПретходноТорино е “црно-бел“: “Биковите“ двапати водеа, на крајот убедлив триумф на Јуве во градското дерби! (ВИДЕО)
СледноБлесок на Фоден, Сити рутински во четвртфиналето во ФА Купот!(ВИДЕО)