Јагуриноски: Не бевме на вистинското ниво!

117

Вардар 1961 не успеа во Белград да го завери првото место на табелата, откако беше убедливо совладан од Партизан со 28-22 во последниот меч од групната фаза. Од кое место ќе стартува актуелниот македонски првак во четвртфиналето ќе биде познато по комплетирање на групната фаза.

Никој во таборот на „црвено-црните“ не може да биде задоволен од прикажаното. Македонскиот репрезентативец, Томислав Јагуриноски, потенцира дека не биле на потребното ниво.

„Ова не беше одличен натпревар, одлична атмосфера. Партизан беше подобар од нас, ние не бевме на тоа ниво на кое треба да бидеме. Му честитам на противникот за триумфот“, рече Томислав Јагуриноски, кој мечот го заврши со два гола.

Вардар остана прв на табелата во групата Б со шест бода, но два меча повеќе од Партизан и Прешов.

ПретходноПочина Жист Фонтен еден од најдобрите стрелци на Мундијалите
СледноШкупи по дуелот со Академија Пандев се враќа дома на Чаир