Мбапе ги изненади Турците: Се појави во живо на ТВ додека се собираа средства за настраданите од земјотресот

2540

Француската фудбалска ѕвезда, Килијан Мбапе ги изненади гледачите на турската телевизија каде се собираше помош за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, каде минатиот месец загинаа повеќе од 45.000 луѓе. Мбапе вети дека ќе ги поддржи оние на кои им е потребна помош среде хуманитарната криза.

Неговото изненадувачко појавување на собирањето средства требаше да го привлече вниманието на јавноста за важноста да се соберат пари за жртвите.

„Она што се случи е навистина голема трагедија. Преголема трагедија за нашата имагинација. Тешко ми е да проценам низ што поминале Турците. Но, нашата задача денес е голема и за мене. Светската фудбалска заедница ќе се обедини и ќе ја поддржи Турција. Во овој поглед, оваа програма е еден од начините и горд сум што сум дел од неа“, рекол Мбапе пред гледачите.

Мбапе на социјалните мрежи објави фотографија со турското знаме заедно со емотикони откако зборуваше во етерот.

ПретходноНорвежаните третпат по ред златни во нордиска комбинација
СледноОФИЦИЈАЛНО: Рамадани во дресот на Динамо Киев