ОФИЦИЈАЛНО: Рамадани во дресот на Динамо Киев

559

Украинскиот фудбалски гигант Динамо Киев и официјално го потврди трансферот на 19-годишниот македонски играч за врска, Решат Рамадани. Рамадани вечерва и официјално е преставен како ново засилување за Динамово чии редови ќе го носи дресот со број 92.

Рамадани важи за еден од најдобрите млади играчи во Македонија, а на 19 години почна да игра и за репрезентацијата до 21 година. Талентираниот играч за врска минатата сезона дебитираше за првиот тим на Шкендија (7 натпревари, 1 гол), а во тековната сезона 2022/23 стана главен играч на тимот од Тетово за кој одигра 15 натпревари.

ПретходноМбапе ги изненади Турците: Се појави во живо на ТВ додека се собираа средства за настраданите од земјотресот
СледноЦ. Звезда, конечно, го пријави Кампацо за Евролигата