Барселона пред договор со ново бразилско засилување

240

18-годишниот Витор Рокe кој минатата сезона ја мина во Крузеиро каде на 14 натпревари постигна 3 гола, вели дека е пред преселба во шпанска Барселона. Рокe оваа сезона се пресели во екипата на Атлетико Паранаенсе, каде веќе има 5 гола на 29 средби.

Рокe беше најдобар фудбалер на првенството на Јужна Америка за играчи до 20 години, кое го освои Бразил, а каде тој беше најдобар стрелец со 6 гола.

„Ако ова заврши како што е планирано, сигурен сум дека ќе биде многу важно за мојата кариера. Заминување во Барселона би било одлично за мене“, вели младиот Рокe.

ПретходноЛиверпул се намачи, но успеа да дојде до победа над Вулверхемптон (ВИДЕО)
СледноМилвоки не го дава врвот, КД дебитираше со победа и 23 поени (ВИДЕО)