Аргентина го отпушти Хавиер Маскерано

517

Хавиер Маскерано не се прослави на селекторското место во репрезентацијата на Аргентина до 20 години и заврши со својата работа денеска. Според информацијата на Аргентинската фудбалска федерација (АФА), Маскерано е отпуштен од позицијата поради лошите резултати.

На 4-те натпревари кои „гаучосите“ ги одиграа на јужноамериканскиот турнир до 20 години кој се одржа во Колумбија, момците на Хавиер Маскерано нанижаа 3 порази и само една минимална победа против Перу.

Претходно„Ел Класико“ во кралскиот куп: Реал (М) „намириса крв“
СледноРакометарките на мегдан со Турција – прв дел!