Кошаркарот на Мемфис, Џа Морант е обвинет дека направил два скандали во рок од четири дена, минатото лето.
Како што пренесува „Вашингтон пост“, Морант е обвинет дека му се заканувал на обезбедувањето во еден трговски центар, а потоа претепал малолетник. Според извештајот, Морант удрил 17-годишно момче од 12 до 13 пати за време на еден баскет натпревар пред куќата на кошаркарската ѕвезда.
Момчето тврди дека со топката ненамерно го удрил Морант во лицето, на што Морант бурно реагирал и возвратил со шлаканици. Потоа, Морант се вратил во куќата, извадил пиштол, и му се заканувал, што може да биде многу сериозен прекршок во целиот процес.
Засега не се знае во која фаза е истрагата, но факт е дека ова не се првите негативни наводи за однесувањето на Морант.