Танкоски и Велковски на скратениот список на Лазаров!

304

Селекторот на македонска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави скратениот список за квалификацискиот двомеч со Португалија за пласман на ЕП 2024 година.

На истиот се најдоа 22 имиња, меѓу нив е Марио Танкоски, како и Мартин Велковски, кој поради повреда беше надвор од терените. Собирот е закажан за во недела во хотелот „Александар Палас“.

Од претходно е познато дека Лазаров нема да смета на искусните Манасков и Георгиевски.

Првиот меч Македонија го игра на домашен терен на 9 март, додека реваншот е за три дена во Порто. И двете репрезентации стартуваа со две победи, нашата репрезентација ја дели само една победа до посакуваниот нов пласман на континенталните натпреварувања.

ПретходноРакометарките на мегдан со Турција – прв дел!
СледноЈане Николоски е нов директор во Шкупи