Капитенот на Русија: Јас сум за Путин, историјата ќе покаже кој е во право, а кој не!

328

Еве веќе една година трае агресијата на Русија врз Украина. Поради трпи и рускиот спорт, односно на спортисите од оваа земја не им е дозволено да се натпреваруваат во Европа и во светот.

Еден од оние кои во целост застана зад политиката на Владимир Путин е капитенот на репрезентацијата на Русија, Артјен Ѕјуба.

Јас сум за Путин. Историјата ќе покаже кој бил во право, а кој не. Јас сум за својата земја, за Русија. Таков сум секогаш и таков ќе бидам до крајот на мојот живот. Имав понуди да играм во некоја европска земја, долго размислував и не отидов. Сега и да ме викаат, секако дека нема да го сторат тоа, нема да заминам. Зошто така се однесуваат кон мојата земја не можам да ги поднесам“ рече покрај другото Ѕјуба.

ПретходноШкендија го продаде Рамадани за 250.000 евра во Динамо Киев, и плус 15% од следниот негов трансфер! (ВИДЕО)
СледноМакедонија минимално поразена од Турција!